– ММС
Вести Свет

Почнува судењето на таткото што си ги фрли четирите деца од тераса – му се заканува највисока казна во историјата на Хрватска

Судењето на Јосип Роѓак (54), кој кон крајот на февруари годинава ги фрли своите четири малолетни деца од катот на својата куќа на островот Паг во Хрватска, ќе почне по неколку дена во Жупанискиот суд во Задар.

Таткото, кој се наоѓа во затворската болница во Загреб, е обвинет за четирикратен обид за убиство, а бидејќи се работи за деца, можеби го очекува казна затвор и од 50 години, што би била највисока казна досега изречена во Хрватска. Можеби олеснителна околност ќе му биде што при вршењето на кривичното дело бил намалено пресметлив бидејќи подолго време имал психички проблеми. Резултатите од токсиколошката анализа покажале дека во мементите на злосторството бил под влијание на лекови за смирување, а во крвта немал алкохол.

Досега се бранел со молчење. Врховниот суд неодамна му ја одби молбата да се брани од слобода, бидејќи постоела опасност да ќе ги повтори и доврши кривичните дела.

Насилството врз четирите деца се случи на 26 февруари. Таткото од спиење ги зел своите деца од три, пет, седум и од осум години, кои потоа едно по едно ги фрлал од терасата висока пет метри со намера да ги усмрти. И покрај сериозните повреди, децата преживеаја.

Лограње

X

Регистрација