– ММС
Вести Македонија

Јавна расправа за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018

Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности во министерствата, претседателките и координаторките на локалните комисии за еднакви можности, градоначалниците, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Државниот завод за статистика, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, Агенцијата за вработување на РСМ, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ЗЕЛС, од канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, Институтот за родови студии.

Поканети се и претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

МИА

Лограње

X

Регистрација