– ММС
Вести Македонија

Села: На лидерска средба треба да учествуваат четирите поголеми политички партии

Алијансата за Албанците денеска реагираше што како политичка партија не била поканета да присуствува на лидерската средба на премиерот, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На вакви средби треба да учествуваат четирите поголеми политички партии – смета лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој тврди дека за неговата партија нема да биде прифатлив никаков договор во иднина што ќе се донесе само меѓу еден блок политички партии.

„Концептот четири поголеми политички партии, две од македонските политички партии и две од албанските политички партии треба да продолжи. Како албанска опозиција имаме што да кажеме за повеќе теми, меѓу кои пописот, Законот за ЈО, за реформи во Изборниот законик“, изјави Села посочувајќи дека го осудуваат однесувањето на премиерот кој, како што рече, се однесува ноншалантно спрема опозицијата.

Според Села, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ е неприфатливо во врска со амандманите за законот за ЈО. Додаде дека тие поднеле околу 30 амандмани:

„СЈО треба да се зачува. За тоа имаме 27 амандмани во предлогот за новиот закон за јавно обвинителство. Ист предлог слушаме на преговорите, премиерот му го предлага на Мицкоски“.

Алијанса за Албанците предлага во иднина со СЈО да раководи обвинител од странство, поточно од земјите од ЕУ или од САД. За процесот на ветинг, Села рече дека тие се за негово воведување без разлика на исходот и додаде дека треба „да се исчисти” системот од корумпирани функционери. Смета дека на есен треба да добиеме датум за преговори со ЕУ.

Лограње

X

Регистрација