– ММС
Вести Македонија

Апел за донации за скопјанка која има проблеми со срцето

Семејството Асан од Скопје упатува апел за донации до хуманите граѓани. Причината поради која ова семејство се наоѓа во незавидна состојба е нарушеното здравје на педесет и шестгодишната Слаѓана, сопруга на Џемаил Асан, кој се обрати до нашата редакција за да може апелот за хуманост да стигне до што повеќе луѓе.

Срцето на скопјанката, која инаку е мајка на три деца,  не ја пумпа доволната количина крв за задоволување на потребите на организмот. На Слаѓана и’ е дијагностицирана опструктивна хипертофична кардиомиопатија, поради што таа треба да се оперира. Она што дополнително ја отежнува ситуацијата е невработеноста на сопружниците. Слаѓана поради нарушеното здравје не може да работи. Нејзиниот сопруг Џемаил нема постојано вработување, но вели може да работи се’.

„Јас работам било што, не одбивам работа. Цепам дрва, работам по бавчи и се снаоѓаме за да преживееме“, раскажува Џемаил кој добивал по 2500 денари месечно од Министерството за труд и социјална политика, по што паричната помош е укината.

„Сопругата од лани почна да чувствува замор, па така почнавме да одиме по лекари. Јас и’ помагам со домашните обврски. Од мај состојбата и’ е влошена. Лани бевме во Државна, па во Клиниката Жан Митрев. Докторот со кој разговарав таму ми кажа дека е потребна операција, но не знам точно колку ќе чини, му кажав дека не сме имотни. Треба да оди и на контрола на три до четири месеци, последен пат беше во август“, додава Џемаил.

Тој упатува апел – доколку некој сака да помогне, може да го контактира на телефонскиот број
070 323 906.

Донациите исто така, може да се уплаќаат и на трансакциската сметка на Слаѓана Асан  200003458533246  (Стопанска банка АД-Скопје)

 

Лограње

X

Регистрација