– ММС
Свет

Електронски цигари, дали се мета и децата?

Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумберг, изјави дека планира да започне кампања вредна 160 милиони долари со цел забрана на ароматизирани електронски цигари во САД по смртта на пет лица. Тој во 2000-тите се залагаше за усвојување на забрана за пушење во њујоршките ресторани и барови.

„Во прашање е тешка здравствена криза, а е предизвикана од производителите на тутун“, изјави Блумберг познат како долгогодишен активист против тутун.

Блумберг во едиторијалот на весникот New York Times наведе дека од порано се познати методите на големите тутунски компании.

„Цел им се деца и ги ставаат во сериозна опасност“, додаде американскиот милијардер.

Според неговите зборови, тригодишната кампања вредна 160 милиони долари ќе има за цел во најмалку 20 американски градови да се забрани употреба на ароматизирани електронски цигари, кои се особено популарни кај младите.

Американските власти неодамна објавија дека најмалку пет лица починале од болести поврзани со употреба на електронски цигари.

Извор: denar.mk

 

Лограње

X

Регистрација