– ММС
Свет

 Пресвртница: Кина ги укинува царините на одредени американски производи

Кина денес објави список на американски производи кои ќе бидат ослободени од дополнителни царини воведени минатата година како дел од трговската војна со Вашингтон.

Овој потег беше најавен пред планираните трговски разговори помеѓу Пекинг и Вашингтон во октомври чија цел е да се стави крај на трговската и технолошката борба помеѓу двете земји кои се закануваат на глобалниот економски развој.

Ослободувањето од царина ќе опфати 16 категории на производи, а ќе важи од 17 септември за една година, објави Царинската комисија на кинеската влада.

Опфатените производи се движат од пестициди до масла и одредени фармацевтски производи.

Меѓутоа, Кина ги задржа дополнителните царини кои достигнуваат до 25 проценти на сојата и стотици други производи, објави AP.

Тоа е првпат Кина да објави список на даночни ослободувања од воведувањето царини од кога минатата година се воведени дополнителни царини од 25 проценти на серија производи увезени од САД.

Кинеската влада денес прецизираше за другите списоци на производи поштедени од дополнителни царини би можеле да бидат објавени по разгледувањето, во догледно време.

Извор: denar.mk

 

Лограње

X

Регистрација