– ММС
Забава

Го успоруваат стареењето: Ова се трите најважни намирници за 30-годишните

Ако сакате барем на кратко да го стопирате стареењето и да спречите настанување на предвремени брчки, зајакнете ја исхраната со овие намирници!

Печурки: Состојката која ја содржат печурките – ерготионеин – спаѓа во категоријата антиоксиданти. Ефикасно ги елиминира токсините од телото, па затоа консумирањето печурки во големи количини ќе го одложи појавувањето на брчките за неколку години.

Соја: За време на триесеттите години од животот кожата почнува да ја губи еластичноста и волуменот, поради падот на нивото на естроген. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на производи од соја кои содржат природен естроген спречуваат опуштање на кожата и настанување на брчки.

Пробиотици: Земајте ги во форма на диетски додатоци, или преку храна во која се наоѓаат како додаток, како што е јогурт, сирење и некои пијалоци. Пробиотиците се особено важни за жените по породувањето.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација