– ММС
Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги има вештачењата и исказите дадени кај Русковска за „Рекет“

По тврдењето на премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција  дека „Рекет“ води директно до Христијан Мицковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да го тужи за клевета, но ќе објави материјали. Тоа се искази дадени пред обвинителката Вилма Рускоска, што ја води истрагата за „Рекет“, каде како што рече Мицкоски,   има имиња на луѓе од власта.

-Ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО ДПМНЕ ги донесоа исказите, кои што се дадени кај обвинителката што го води предметот „Рекет“. Но, истовремено и резултатите од вештачењето, тука моето име го нема. Но, има имиња на луѓе од власта, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија најави дека внимателно ќе го набљудуваат и како што рече – нема да прават воајерски шоуа, се’ додека гледаат дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот.

-Првиот момент кога ќе видиме дека некој зака да го заштити јавниот интерес , ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави овие документи на увид на јавноста, изјави Мицкоски.

Лограње

X

Регистрација