– ММС
Вести Македонија

Заев: ВМРО ДПМНЕ ги бараат предметите на СЈО за да ги уништат

По речиси седумчасовните разговори од лидерската средба, премиерот Зоран Заев на прес конференцијата пред малку изјави дека е разочаран од непостигнувањето договор, бидејќи, како што рече, ВМРО ДПМНЕ бара предметите на СЈО да дојдат под нивна конотрола и конечно да запрат.

-Имав надеж дека ќе ја сменат матрицата на однесување која се потоврува од Пржинскиот договор. Бараат Да им го заташкаме криминалот – тоа е мојот заклучок.Затоа е тешко да се постигне договор.Ние тоа не го прифааќме и не смееме да го дозволиме тоа. Бараат предметите по 30 јули 2017 да го преземе нивен обвинител, да се затворат, заташкат и анулираат, рече Заев.

Тој додаде дека им предложиле формирање на сосема ново обвинителство, кое ќе се занимава со висока корупција и криминал и ќе се занимава со разботењето на сегашната власт, и но и предмети од минатите години, кои не застаруваат, межутоа, тоа не било прифатено од опозицијата.

Лограње

X

Регистрација