– ММС
Кошарка Спорт

МЗТ ќе игра за трофејот на турнирот во Романија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во финалето на турнирот во Романија, откако вчеравечер во полуфиналето го победија унгарски Шолнок со 115:94 – пренесува Медиумската информативна агенција.

Македонскиот шампион триумфот го обезбеди во вториот и третиот период, кои заедно ги доби со 18 поени разлика (58:40). Највисокото водство на сино-белите изнесуваше 29 поени (105:76).

Натпреварот го одбележа македонскиот репрезентативец Марко Симоновски, кој речиси сигурно го одигра најдобриот меч во досегашната кариера со 42 постигнати поени и дури 12 постигнати тројки со само пет промашувања. Американецот Џабари Хиндс средбата ја заврши со 21 поен и девет асистенции, додека Нуни Омот постигна 15 поени, а Андреј Маслинко 12 поени. Андреј Магдевски средбата ја заврши со девет поени, Марин Морнар постигна шест, Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски по четири, а Иван Волкановски два поени.

Тимот од Аеродром денес од 18 часот во борбата за трофејот ќе ги одмери силите со организаторот на турнирот Орадеа.

Лограње

X

Регистрација