– ММС
Вести Македонија

Започна лидерската средба

Нешто по 20 часот во Собранието започна лидерска средба меѓу лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и Христијан Мицкоски, претседател на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Главна тема е Предлог законот за јавното обвинителство, поради што на лидерската средба Заев и Мицкоски се придружувани од членовите на работната група, која во изминатиот период од неколку месеци разговараше околу законските одредби.

Иако поводот за лидерската средба се законските измени, ВМРО ДПМНЕ како тема за разговор го најавува и одржувањето на предвремени избори.

Од исходот на вечерашната средба меѓу Заев и Мицкоски, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, која  мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември.

Претседателот на Парламентот Талат Џаери изјави дека доколку има договор, тогаш седниците би можеле да бидат закажани уште утре. Според него, мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева, а поради скратените рокови до 15 септември се очекува да биде донесен и Законот за ЈО за чие усвојување потребно е двотретинско мнозинство од пратениците.

Последната средба на работните групи на власта и опозицијата за законот, која се одржа минатата недела не вроди со суштествен заклучок, а сега се очекува решението да се бара на лидерската средба.

Лограње

X

Регистрација