– ММС
Вести Македонија

Разрешен Јово Вангеловски

Судскиот совет едногласно донесе одлука да го разреши досегашниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за нестручно и несовесно работење во службата.

Според новиот Закон за Судски совет Вангеловски има право да поднесе жалба до Врховниот суд, но тоа не ја одложува денешната одлука на Судскиот совет за негова суспензија.

За евентуалната жалба на Вангеловски ќе одлучува деветчлен судски совет составен од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Доколку прифатена жалбата на Вангеловски, случајот повторно се враќа во Судскиот совет. Дотогаш со Врховниот суд ќе ракооди в.д. претседателот што денеска го избра Судскиот совет.

Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство.

Вангеловски не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет.

(НОВАТВ)

Лограње

X

Регистрација