– ММС
Вести Македонија

Унгарецот Лазло Трошкањи е заменикот на Хан во ресорот проширување

Лазло Трошкањи, поранешниот министер за правда во владата на Виктор Орбан ќе го замени Јоханес Хан на местото еврокомесар за добрососедска политика и проширување. Десно ориентираниот досегашен европратеник од Унгарија е во списокот на новата претседателка на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен, која пред малку го објави составот на европската влада.

Редица прашања упатија новинарите до Фон дер Лајен за местот на Трошкањи во овој ресор – доброседска политика и проширување, кој главно се занимава со правни прашања, со оглед на забелешките на ЕУ, кон Унгарија во делот на првдата и владеењето на правото.
Како министер за правда, Трошкањи воведе серија закони кои предизвикаа правни судири со Европската Комисија во која сега станува еврокомесар. Тој ги надгледуваше законите за  невладините организации за помош на бегалците и поставување кампови во Унгарија за баратели на азил , како и мерки што доведоа до тоа Централноевропскиот универзитет да биде принуден да ја напушти Будимпешта.

Лограње

X

Регистрација