– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Во Општина Центар санкционирани 286 непрописно паркирани возила

На територијата на Општина Центар во изминатите седум дена се санкционирани 286 непрописно паркирани возила коишто го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Со помош на специјалните возила „Пајак” се отстранети 124 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „Блокатор” се санкционирани 162 возила затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – соопшти денеска Општина Центар.

Оттаму апелираат на почитување на сообраќајните правила од секој учесник во сообраќајот со цел одржување ред и безбедност на улиците.

Лограње

X

Регистрација