– ММС
Вести Македонија Спорт Фудбал

Квалификации за ЕП во фудбал: Македонија ја победи Летонија во Рига

Во шестото коло од нашата квалификациска група за Европското првенство во фудбал во 2020 година, синоќа македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Летонија ја совлада домашната репресентација со 2-0 (2-0).

Првиот гол, по асистенција на Елмас, го даде Пандев во 14. минута, а три минути подоцна, со удар од работ на шеснаесетникот, Барди го постигна конечниот резултат. Нашата селекција во текот на мечот имаше уште неколку одлични шанси, а неколкупати кон нашиот гол сериозно се заканија и Летонците.

По одигрувањето на шестото коло во нашата група, Полска има 13 бодови, Словенија – 11, Австрија – десет, Македонија и Израел по осум, а последна, без бодови, е Летонија.

Лограње

X

Регистрација