– ММС
Вести Македонија

ВИДЕО: Палењето на знамињата – Бугарија бара казни за протестантите кои запалија бугарско знаме во Мелбурн

Привремениот амбасадор на Република Бугарија во Австралија, Петар Николаев, побара итен состанок во Министерството за надворешни работи и трговија на Канбера. Поводот е запаленото бугарско знаме во Мелбурн за време на демонстрациите против т.н. Договор од Преспа, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Бугарскиот дипломат ќе ги повика австралиските власти да преземат одговорност за сторителите на овој чин и да побараат од надлежните органи да се спротивстават во иднина против обидите за злоупотреба на државните симболи.

Претходно бугарските медиуми јавија дека група македонски иселеници излегоа на протест пред конзулатот на Македонија во Мелбурн, Австралија, против промената на името на државата и Преспанското договор.

Додека извикуваа „Никогаш Северна, секогаш Македонија“, демонстрантите запалија бугарско и грчко знаме, како и макети со ликовите  на македонскиот премиер Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.

Споделувајќи го видеото, за настанот јавија и грчките медиуми, според кои, педесетина македонски мигранти во Мелбурн ги запалија грчкото и македонското знаме, при тоа цитирајќи го Никос Колендијаријанос, едукатор и политички научник, кој на Твитер напиша:

„ПЈРМ дијаспората поттикна повеќе расна  напнатост со палење на # Грчкото знаме пред  седиштето на нивниот конзулат , што исто така го крши Договорот од Преспа со илегално прикажување на грчкиот симбол “.

Лограње

X

Регистрација