ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/9/19 2:15 PM

Во Индонезија го слават животот дружејќи се со мртвите (ФОТО)

Годишниот ритуал на едно индонезиско племе во кое покојните се откопуваат, средуваат и чистат, па повторно се погребуваат после дружењето со живите, предизвикува големо внимание. Заинтересираните можат да учествуваат во обредите.

Традиционалниот ритуал подразбира откопување на починатите од гробниците и тоа секоја година, а нивните блиски членови од семејството ги чистат и пресоблекуваат.

На тој начин, припадниците на инонезиското племе Тороја, сметаат дека го слават животот, верувајќи дека врската на животот со смртта е бесконечна.

Во културата на ова племе, смртта се смета за најважен аспект од животот и како резултат на тоа, нивниот ритуал на погребување може понекогаш да трае и со години.

На семејствата често им се потребни месеци починатиот да го оджалат и го подготвуваат за погреб.

Затоа телото на починатите личности неретко се чува во посебен дел од семејниот дом.

Последните години, мумифицирањето станало вообичаена постапка за зачувување на телата.

Сепак и по погребот, секој авуст во рамките на ритуалот „Манене“, семејството се враќа на гробот на своите најмили.

Покојните внимателно се чистат, се пресоблекуваат во нова облека и се ставаат помеѓу членовите на семејството, кои ги третираат како да се живи.

По ритуалот, се поготвува нов погреб. Телото на покојните се погребува со предметите како што се пари, облека па дури и цигари.

„Иако на луѓето од другите култури сето ова им изгледа чудно тоа е составен дел од Торојанците. Тие веруваат дека духот на мртвите и понатаму е присутен, дека е помеѓу живите, и дека покојните ги чуваат и пазат“, изјавил познавачот на племето, Ерик Кристал Ранте Ало, за „Сиднеј морнинг хералд“.

Инаку, посетителите се добредојдени на обредите и дозволено им е да учествуваат во истиот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7