– ММС
Вести Култура

Биба Додева триумфираше и на интернационалната вечер на Охрид фест

На третата, интернационална вечер на Охрид фест – Охридски трубадури, Биба Додева ја освои првата награда од жирито составено од претставници на публиката.

„Како некогаш“ е автобиографска песна, која Биба ја донесе на сцена исклучително емоциоонално, имајќи предвид дека е посветена на нејзината мајка која почина пред две години. Ова музичко парче, авторски го потпишуваат Ана Бунтеска и Владимир Дојчиновски Дојчин.

Второто место беше резервирано за доајените Маја Оџаклиевска и Срџан Марјановски, кои настапија со „Песочен часовник“, а третото за „Цреши охридски“ на Александар Митевски и Драган Спасов Дац.

Фестивал го пренесуваа повеќе телевизии на Балканот, а директен пренос имаше на МРТВ.

Лограње

X

Регистрација