ММС

Објавено на: 09/7/19 6:27 AM

Бахами: Се стравува од многу повеќе жртви во ураганот, луѓето пукале и едни на други заради храна и вода

Бројот на загинатите во ураганот Доријан што ги опустоши Бахамите ќе биде многу поголем од досега официјалната бројка од триесетина загинати, стравуваат властите. Тие веќе испратиле 200 вреќи за тела на островот Абако кое беше најмногу погоден од ветриштата со брзина и до 300 километри на час.

Надлежните објавија дека на островите Абако и Гранд Бахами, каде што се уништени 45 отсто од домовите, се’ уште трагаат по стотици, можеби и илјадници исечзнати луѓе.

„Луѓето треба да се подготват за незамисливи информации за бројот на загинати и настрадани“, рекол за ББС министерот за здравство Дуан Сандс.

Без домови, струја и вода се 70.000 луѓе. Состојбата е критична.

„Се’ исчезна, луѓето се во паника. Крадат, пукаат едни на други за храна и вода. Невозможно е сите да се спасат. Нема куќи, банки, бензински станици, продавници. Се’ исчезна – вели Алисиа Кок, жителка на еден од најпогодините региони.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.