ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/6/19 9:00 AM

Меморандум за соработка во областа на регистрација на бизнисите со Косово

Република Северна Македонија и Република Косово ќе потпишат денеска меморандум за соработка во областа на регистрацијата на бизнисите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Меморандумот во Министерството за трговија и индустрија на Косово ќе го потпишат директорката на Агенцијата за регистрација на бизнисите на Косово, Неџмие Селими и директорката на Центарот за регистрација на бизнисите на Северна Македонија, Марија Бошковска.

На церемонијата, како што е најавено, ќе присуствува и косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шаља, кој ќе им се обрати на присутните со поздравен говор.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7