ММС

Заев: Логично решение е тоа што Јанева ги пренесе сите предмети и истраги на ЈО

Премиерот Зоран Заев го коментираше писмото на Катица Јанева, со кое бара да се пренесат сите предмети и истраги на Јавното обвинителство.

– Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логичното решение кое и во разговорите со ВМРО ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне договор, а во самиот договор е предвидено предметите да поминат кај Државниот обвинител. Ако не се постигне договор, законот вика предметите да поминат кај Државниот обвинител. Ако се постигне договор и ако не се постигне, правото е опишано во законот за Специјалното јавно обвинителство. Вчера ги прашав правниците околу мене рекоа тоа е сосема дозволиво, Специјалниот јавен обвинител да ги предаде. Никој нема контакти со Катица Јанева,  зошто е тоа така, она што според мене е веројатно, е наближувањето на 15 септември кога завршува мандатот на Катица Јанева. Тоа не се пренесува на заменик, на некој друг, туку се предаваат предметите заради нивна  безбедност, сигурност, на сите материјали таму што се,“ изјави Заев.

Премиерот не верува дека ова ќе влијае на преговарачкиот процес.

-Јас очекувам исчекор. Утре би требало да се сретнат работните групи, ако двете страни се подготвени, со завршени консултации, ние од СДСМ ги завршивме, дадов  упатства, јас и тимот, да продолжат во изнаоѓање решение, бидејќи треба да привршу ваме до крајот на оваа недела и почетокот на идната, бидејќи по празникот е веќе 10 “,рече премиерот Заев.

На новинарско прашање Заев одговори дека не е повикан од Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со предметот  Рекет, со објаснување дека доколку биде поканет, јавноста веднаш ќе биде информирана.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.