ММС

Објавено на: 09/5/19 10:35 AM

Банда арамии крадела во Германија, водачот Македонец со 19 идентитети

Во стоковна куќа во Дортмунд била уапсена група од пет крадци, а еден од нив, Македонец, имал 19 лажни идентитети, пренесуваат балкански медиуми.

Групата му упаднала во очи на вработен во обезбедувањето на стоковната куќа, кога првин крадците украле куфер и облека во вредност од 1.000 евра и тргнале кон излезот. Вработениот веднаш ја известил полицијата, која на излезот ги уапсила петтемина мажи на возраст од 21 до 53 години. Само три дена претходно истата група извршила случно дело во Минстер.

Додека биле во полициски притвор, полицијата утврдила некои интересни детали. Најстариот во групата – Македонецот, користел дури 19 различни идентитети, од кои само еден му е вистинскиот. Кај себе имал и возачка дозвола издадена во Швајцарија, како и фалсификувана швајцарска лична карта. По апсењето, бил однесен во затвор во Падерборн, Северна Рајна Вествалија, од каде што ќе бил депортиран во Македонија, а неговите соучесници се пуштени од притвор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.