ММС

Заев: Предметите на СЈО мора да бидат осигурени

Прашан за коментар за преговорите за законот за јавно обвинителство со кој се решава судбината на Специјалното јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев рече дека граѓаните и целата јавност треба да знаат дека предметите на СЈО „мора да бидат осигурени“.

-Се надевам на решение. Не е лесно. Тешко е, се среќавааат работните групи. Но, предметите мора да бидат осигурани. СЈО како институција мора да има иднина, државата вложила пари, странски држави – пријатели помогнале. Верувам дека решението ќе го изнајдеме заедно, во соодветниот период кога е тоа возможно. Планот „Б“ никојпат не сме го спомнале како закана и воопшто не сакаме да го спомнуваме. Но, не дај боже да не осамне 16-ти. Сите ќе прашаме и сега, политичарите не се договорија, што правиме? Ќе мора да се најде решение зашто на први некој ќе треба да потпише таму плата на вработените. СЈО има мандат до 15 септември. Кое ќе биде решението? Тогаш ги гледаме актуелните закони и ќе го бараме решението, одговори Заев.

Премиерот смета дека црвените линии се јасно поставени.

-Верувам дека нема да дозволиме политика да ги помине црвените линии. Оти ако ја испратиме пораката деека пак е тоа влијание врз правдата, нешто тоа политичарите договориле, правдата не е осигурена до крај, предметите не се осигурени, никој нема корист од тоа, ни ние немаме, а верувам ниту  опозицијата има корист од тоа, изјави Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.