– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Изменет сообраќаен режим во Скопје од утре до четврток

Следните три дена (03, 04 и 05.09. – вторник, среда и четврток) од 09 до 11.30 часот, во организација на Скијачката федерација, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“ од Скопје, Град Скопје и општина Карпош, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“, со траса на движење од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот побулеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Лограње

X

Регистрација