ММС

Објавено на: 09/2/19 10:56 AM

Со авион влета во средиштето на ураганот што ги разорува Бахамите

Ураганот Дориан ги разорува Бахамите со брзина од 355 километри на час. Храбар пилот на американската агенција НОАА со авион влета во средиштето на ураганот и направи снимки со кои ќе се види како тоа невреме изглеа „одвнатре“.

За некои е храбар, за други луд, но човекот седна во авионот и влета во ураганот. Успеа да се пробие нз опасните ветришта и турбуленциите и да влета во самото средиште на ураганот, пишуваат американски медиуми.

Авионот со кој влета во ураганот е „локхед ВП-30“, а го викаат Кермит, според жабата од Мапет. Како што се гледа на сликата, и кабината н авионот е украсена со маскота на Кермит.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.