Лила Филиповска на распит кај Вилма Русковска
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/2/19 9:03 AM

Лила Филиповска на распит кај Вилма Русковска

Познатата телевизиска водителка Лила Филиповска е на распит во Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава порталот НОВА.

Според нашите информации, Филиповска која е блиска пријателка на осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 е повикана од обвинителката Вилма Русковска да даде исказ и да презентира свои сознанија кои се од интерес на истрагата.

За случајот „Рекет“, освен Боки 13 осомничени се и специјалната обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милески-Кичеец. Сите тројца се во притвор.

Досега како сведоци во Обвинителството свои искази дадоа обвинители од СЈО, бизнисмени и Орце Камчев кој го пријави случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7