ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/2/19 6:45 AM

Министерот Димитров на 14. Бледски стратешки форум

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, што се одржува по 14-ти пат во Блед, Словенија.

Овогодинешното мото на Форумот гласи „Ресурси/извори на (не)стабилност” (Re)sources of (in)stability, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите/изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров ќе земе учество на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност“.

На маргините на Бледскиот Стратешки Форум предвидени се неколку билатерални средби со свои колеги и други учесници на Форумот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1