ММС

Објавено на: 08/31/19 8:42 AM

За три децении сам засадил повеќе од 1.000 стебла во Загреб

Владимир Димиќ (65) од Загреб веќе 33 години засадува дрвја во главниот град на Хрватска според сите прописи, а за стеблата и се грижи во првата година по засадувањето.
„Се’ започна во 1986 година, кога одлучив да садам по едно дрво годишно за да и’ го враќам на планетава кислородот што го трошам. За тоа никому не зборував, а оние што ќе дознаеја за моето „хоби“ мислеа дека не сум нормален зашто, освен туд, тоа чини и пари“, раскажува Владимир за „24 сата“.
Стеблата ги засадува плански, на места каде што треба или каде што некое дрво било исушено или исечено. Садел главно во раните утрински часови пред да замине на работа. Од неодамна е пензионер, па ќе има и повеќе време за оваа негова корисна акција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.