ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/31/19 8:36 AM

По еднонеделен страв во цел германски град: Конечно, фатена избеганата бела кобра

Таа посебно отровна кобра избега во неделата од еден стан во кој надлежните од неговиот сопственик заплениле уште 20 други змии. Поради избеганата кобра, четири згради беа евакуирани, а целиот град Хернеа во западниот дел на Германија живееше во страв.

„Змијата е уловена под скали на влезот од подрумот на една куќа. Евакуираните жители на четирите згради можат да се вратата дома“, соопштија локалните власти.

Надлежните расфрлале брашно насекаде низ зградите во надеж дека змијата врз него ќе остави траги.

Се работело за азиската кобра naja kaouthia со исклучително смртоносен отров.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1