ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/30/19 8:13 PM

Во Тетово и Гостивар за пет часа откриени 44 технички неисправни автобуси и комбиња

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска од 8 до 13 часот спроведе акциска контрола за да утврди техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз, како автобуси и комбиња. На тетовското подрачје кај 14 возила е утврдена техничка неисправност додека во гостиварско кај вкупно 30 возила.

– На тетовското подрачје вкупно биле опфатени 85 возила, од кои кај 14 откриена е техничка неисправност. Единаесет од возилата имале неисправни сопирачки и веднаш се исклучени од сообраќај, а три биле со неизвршен технички преглед. Од 33-те контролирани возила на гостиварското поодрачје, 15 биле технички неисправни, 10 со неисправни сопирачки, три со неизвршен преглед и два со некомплетна опрема, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Неисправните возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата откриени се и 20-тина други видови сообраќајни прекршоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1