ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/30/19 7:58 PM

Штитот на Александар Велики во Штип пркоси на Преспанскиот договор

Споменикот на Александар Велики во Штип е еден од трите во државата, кој треба да добие нова плочка со објаснување во духот на Преспанскиот договор. Изработен од академскиот скулптор Никола Смилков, споменикот е поставен во 2006 година  во централното подрачје на Градскиот плоштад „Слобода“, како донација од бизнисменот Славе Иванов.  Александар поставен  на темен мермерен постамент, со мечот и штитот со Сонцето на Виргина, што е уште еден проблематичен симбол што треба да се острани, во духот на Преспанскиот договор.   

Според информациите од Општината Штип, споменикот, вклучувајќи го и штитот со Сонцето на Виргина, нема да претрпи промени, туку ќе биде поставена само плочката со објаснување.

Што се однесува до шахитете и другата инфраструктура на јавните површини, од Општината соопштуваат дека нема ништо за отстранување, освен тука  и таму понекоја декорација на приватен имот, што не е опфатено со Договорот.     


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1