– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Од утре целосно затворени за сообраќај булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кочо Рацин“

Градот Скопје информира дека од утре (31.08.2019 година, сабота) со почеток од 8 часот, па се до недела (01.09.2019 година) до 8 часот, за сообраќај комплетно ќе биде затворен булеварот „Крсте Мисирков“, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, комплетниот автобуски и моторен сообраќај ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот „Александар Македонски“, улицата „Беласица“ и булеварот „Гоце Делчев“.

Исто така, утре (31.08.2019 година, сабота) ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот „Кочо Рацин“ и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до раскрсницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“ и „Филип Втори Македонски“.

Лограње

X

Регистрација