ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/30/19 12:59 PM

Ацо Колевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Тој добил едногласна поддршка од членовите на Советот на денешната седница, и немал противкандидати.

Ацо Колевски е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески кој ја презеде должноста државен јавен обвибител.

Колевски гќе го наследи досегашниот претседател Коле Штрејев кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.

Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од членовите со тајно гласање. Неговиот мандат трае две години, без право на повторен избор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1