ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/30/19 11:03 AM

Велешкиот совет доби нов претседател

Специјалистот по интерна медицина и сопственик на приватна здравствена амбуланта д-р Ненад Коциќ од советничката група на СДСМ е избран за Претседател на Советот на Општина Велес на 39 седница  одржана вчера, на 29 август. Докторот кој е и познат граѓански активист вели дека поттикнат од желбата градот Велес да биде поприоритетно и поперспективно место за живеење за сите а особено за младите луѓе се причина за неговата донесена одлука да биде претседател на Советот.

– За мене од секогаш преставувал императив да работам за доброто на Велес и граѓаните. Се надевам дека довербата од моите колеги и од велешани ќе ја оправдам и дека поуспешно ќе ја намалиме миграцијата во која огромен број на млади се исселуваат и со тоа опустошуваат и училиштата и улиците. Наша обврска и цел е со мерките што ќе ги превземеме да ги задржиме да живеат тука и животот да го направиме подобар, рече д-р Коциќ.

Тој верува дека со квалитетни предлози, од власта и од опозицијата, преточени во проекти Велес може да биде поубаво и попосакувано место за живеење.

Д-р Ненад Коциќ е избран за нов претседател на Советот на Општина Велес откако поранешниот адвокатот Душко Петров, поднесе оставка од лични и професионални причини.

Убавка Јаневска

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1