ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/29/19 4:05 PM

Штип го враќа стариот сообраќаен режим на два моста во центарот

Од утре се враќа стариот сообраќаен режим на двата моста во центарот на Штип на мостовите кај Гимназијата и Каменик мост, со што престанува да важи решението воведено пред шест месеци. Општината Штип во соопштение објаснува промената била воведена по барање на граѓани, но дека не се покажала како најоптимална.

-Имајќи го во предвид воведувањето на еднонасочниот режим во централното градско подрачје, а со тоа и првобитната насока на движење на конкретните мостови како оптимална во однос на најкратки релации и непреченото одвивање на сообраќајот на овие делници во период од седум години, пред шест месеци на барање на значителна група на граѓани се изврши промена на насоките на движење на мостовите.Ова решение не ги даде очекуваните резултати , поради што се пристапува кон оваа мерка пред самиот почеток на школската година за избегнување на зачепувањата на сообраќајот на критичните делници, соопштува Општината.

При тоа, од Општината најавуваат дека ќе пристапат кон сериозно решавање на проблемот на одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје со соодветна анализа и произлегување на решенија од стручни институции се со цел на реализирање на подолгорочни решенија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1