ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/29/19 2:13 PM

Објавен конкурс за директор на штипската Клиничка болница

Управниот одбор на ЈЗУ Клиничка болница Штип денес го објави конкурсот за избор на директор на Клиниката.

Две години оваа болница ја води доктор Ален Горгиев но како В.Д директор. Всушност сите здравствени установи во земјата ги водат в.д.  директори на кои што на секои шест месеци им се продолжуваа договорите.

За објавување на конкурсите за избор на медицински доктори, се чекаше донесувањето на измените на Законот за здравствена заштита , со кој се укинува задолжителното полагање на менаџерски испит.

Сега актуелниот в.д. д-р Ален Горгиев  вели дека има намера да се кандидира на објавениот конкурс и се надева дека и официјално ќе продолжи да ја води штипската Клиничка болница.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1