ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/29/19 1:03 PM

Дури 35 години поминала невина в затвор, сега ќе добие отштета од три милиони долари

Кети Вудс (68), жената што невина помина во затвор 35 години за убиство што не го сторила, ќе добие три милиони долари отштета, соопшти вчера нејзината адвокатка.

Вудс ќе продолжи да бара и дополнителна отштета од градот Рено и од поранешните полициски детективи кои ги обвинува дека ја присилиле на измислено признание додека била пациентка во психијатриска болница во Луизијана во 1979 година.

Вудс е пуштена од затор во 2015 година, кога нови докази го поврзаа убиството на студентката на колеџот во Рено во 1976 година со затвореникот од Орегон, Роди Халбовер, кој дотогаш бил осуден за две убиства во Сан Франциско.

Кети Вудс, која сега живее со роднини во близина на градот Анакортес, е жена што досега најдолго била невина во затвор во историјата на САД.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1