ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/29/19 12:57 PM

ЕУ ја условува Србија поради Русија

Србија мора да ја раскине новата трговска спогодба со руската Евроазиска економска унија кога ќе и’ се придружи на Европската унија.

Ова е јасната порака што Европската комисија и’ ја испрати на Србија, пишуваат српските медиуми.

„Србија може да влегува во спогодби со други држави или организации пред влегување во ЕУ. Меѓутоа, во контекст на преговорите за пристапување, Србија се обврза дека ќе се повлече од сите билатерални спогодби за трговија на денот на влегувањето во ЕУ“, соопшти Комисијата.

Европската комисија јасно го изнесе својот став по еден ден откако рускиот амбасадор во Белград најави дека Србиа на 25 октомври ќе потпише трговска спогодба со Евроазиската економска унија.

Спогодба за слободна трговија помеѓу Србија и Русија постои од 2000 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1