ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/29/19 9:59 AM

Индонезија го сели главниот град бидејќи тоне: Слична катастрофа ги очекува и овие мегалополиси

Владата на Индонезија неодамна најави дека ќе го пресели својот главен град на Борнео и тоа уште од 2024 година, бидејќи Џакарта тоне во Јаванското Море. Ова е еден од најбрзотонечките градови во светот. Поради сушење на подземните води, растот на нивоата на океаните и морињата или топењето на големите санти мраз, загрозени се уште пет светски мегалополиси, од кои дури три се во САД, пренесува „Нет.хр“.

Поради преголемото трошење на подземните води, Хјустон постепено тоне веќе со децении. Некои делови на округот тонат и по пет сантиметри годишно. Законодавците во 1975 година се обидоа проблемот со подземните води да го решат, но без многу успех, бидејќи многу извори се во приватна сопственост. Една третина Од Њу Орлеанс уште во 1930 година беше под нивото на морето, додека по ураганот Катрина речиси половина од градот е под нултата надморска височина. Научниците пресметаа дека градот тоне по еден сантиметар годишно. Американската метропола Вашингтон за сто години, според истражувањата, треба да потоне за 15 сантиметри.

Восокото морско ниво му се заканува и на Лагос. Нигерискиот главен град е често поплавуван. Истражувањата од 2012 година покажаа дека порастот на морето од еден до три мети ќе има катастрофално влијание на човечките активности во тој регион, бидејќи нигерискиот брег е многу низок.

Исцрпувањето на подземните води, као тоа во Џакарта и во Хјустон, е одговорно за тоа што некои делови на Пекинг тонат и по десет сантиметри годишно, според истражувањето од 2016 година. Кинескиот многумилионски главен град не е  на море, па снабдувањето со вода му е од подземни извори. Нејзиното повлекување ја суши почвата и е причина за нејзино збивање, па доаѓа до постепено благо тонење.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1