ММС

Објавено на: 08/29/19 9:56 AM

Дури 137 хрватски училишта без ниту едно прваче

Шокантните размери на демографскиот бродолом и иселувањето од Хрватска најдобро се гледаат по испразнетите училници, а во учебната 2019/2020 година состојбата би можела да биде и полоша отколку досега, пишува слитска „Слободна Далмација“.

Според податоците на Министерството за наука и образоваие, врз основа на податоците од канцеларијата на државната управа од јуни годинава, дури 137 основни училишта во Хрватска учебната година ќе ја почнат без ниту едно прваче. Поради тоа, но и поради намален број ученици во другите одделенија, оваа есен ќе бидат затворени вкупно 12 подрачни училишта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1