ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/29/19 9:40 AM

Две деца оставени сами во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница

Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Тие по реакција на граѓани биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

На 28 август околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато” во паркирано патничко моторно возило „алфа” со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Полициските службеници веднаш интервенирале, по што децата со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза'” – информираат од МВР.

Откако полициските службеници презеле мерки, ги пронашле родителите на децата – Т.Т.(44) и М.Н.(35).

За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1