Членовите на Советот на Општина Куманово завршија со годишните одмори. Со нов тен и освежени, утре ќе треба да дебатираат по рекордни 75 точки кои треба да се најдат на дневниот ред.
Освен финансиските за работење, како и финансии на јавните претпријатија ќе бидат, измени во буџетската програма, линискиот превоз на патниците, годишни планови за вработување, програми за претстојната учебна година за сите основни и средни училишта.
Сепак, копјата најверојатно ќе се кршат околу 34та точка – „Нацрт – Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општината Куманово” со која според појаснувањата од одредени советници ќе се пристапи кон целосна измена на старото и имплементирање на новото државно име, нешто за што се очекув опозицијата да не се согласи.