ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 7:33 PM

Нов повреден играч во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби уште една лоша вест пред мечот со Виљареал во третото коло од Примера дивизион. Ѕвездата на тимот Иско е повреден и ќе ја пропушти средбата во текот на викендот.

Шпанскиот репрезентативец станува уште едно име на „Сантијаго Бернабеу“ кој не може да влезе во комбинација за составот на Зинедин Зидан. Во моментов, со различни повреди се и Тибо Куртоа, Ферлан Менди, Родриго, Хамес Родригез, Еден Азар, Лука Јовиќ, Марко Асенсио и Брахим Дијаз.

„АС“ пишува дека Иско денес поминал лекарски прегледи кои покажале дека тој нема да може да тренира меѓу две и три недели поради проблеми со мускулите. Интересно е што од почетокот на подготовките, офанзивниот играч честопати имаше слични проблеми што го спречувале да го заврши тренингот. Според ова,  тој нема да може да игра во квалификациите за ЕП 2020 против Романија и Фарските острови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1