ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 6:38 PM

Мицкоски: Власта и’ се одмаздува на опозицијата со планот Б

Власта се обидува да и’ се одмазди на опозициската партија со најавениот план Б за Законот за Јавното обвинителство со кој треба се реши статусот на СЈО – порача денеска од Берово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.

Тој денеска го повтори ставот на партијата и побара оставка од министерката за правда, Рената Дескоска.

„Таа со нејзината вчерашна прес конференција наместо да ја искористи приликата и да им се извини на граѓаните на Македонија поради непријатните моменти како прегрнување и непосредности со Боки Тредичи, повикува и на омраза и на освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во судството во обвинителството. Нејзината цел е да најде начин да се пресмета со опозицијата“, изјави Мицкоски.

Во наредните денови се очекува да биде закажана седницата на собраниската комисија за европски прашања на која се очекува ВМРО-ДПМНЕ да поднесе амандмани на предлог законот за Јавно обвинителство. Амандмани најавија и албанските партии ДУИ,  Беса и Алијанса на Албанците.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1