ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 4:15 PM

Напад во ноќен клуб во Мексико: Животот го загубија 23 лица

Најмалку 23 лица загинале, а тринаесетмина се здобиле со сериозни повреди при пожар, кој бил предизвикан по напад на ноќен клуб во мексиканскиот град Коацакоалкос (Вера Круз).

Нападот се случил околу 22 часот по локално време кога една група влегла во клубот Бел коњ и додека таму имало една танчарска група и други гости напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје. Потоа фрлиле молотови коктели предизвикувајќи пожар и побегнале.

Властите објавија дека ќе сторат се’ за да ги фатат сторителите на „злосторничкиот акт“. Гувернерот на Вера Круз изјави дека најверојатно нападот е предизвикан заради конфликт меѓу ривалски банди. Не се наведува име на ниту една банда, но медиумите истакнуваат дека во последните десет години ова е трет сличен напад на ноќен клуб, во кој вкупно се убиени над 100 лица.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1