ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 1:02 PM

Пендаровски за Рекет: Очекувам брза истрага и без мешање на политичари и бизнисмени

Претседателот,  Стево Пендаровски апелираше за трпеливост сега, откако тргна истрагата за Рекет.

„Битно е дека работата тргна. Моја работа како претседател не е секоја следна фаза да ја коментирам. Апелирам до сите нас да бидеме стрпливи и да почекаме што законската процедура ќе покаже и после извесен степен кога ќе имаме нешто видливо, евентуални пресуди да може да коментираме во целина. Битно беше дека тргна, дека видовме неколку битни активности во таа процесна смисла и сега останува да придолжат понатаму надлежните органи. Сакаме да видиме брза и темелна истрага, во која нема да се чувствуваат странични влијанија ниту од бизнис заедницата, ниту од политичарите“, изјави денеска претседателот, Пендаровски.

Тој вели дека граѓаните не го плаќаат да се меша во работата на судството, но ќе направи се’ да има амбиент во кој бизнис заедницата ќе биде слободна од политички притисоци и заплашувања. Даде генерална оценка дека полтиката не се меша во работата на прсвосудните органи и како што рече, се надева така и ќе остане.

Прашан дали од неговите контакти со странските амбасадори му е пренесна загриженост од случувањата во државата со случајот Рекет, претседателот укажа на последнта изјава на евроамбасадорот Самуел Жбогар. –
„Кај нив постои загриженост само ако оваа цела постапка не оди како што треба,не оди воопшто или согласно законските процедури. Вакви случаи се случуваат секаде во светот. Разликата меѓу демократски и недемократски земји е во тоа што демократските држави одговараат соодветно, со зсконскиот апарат, во законска процедура и ги санкционираат оние кои се огрешиле од законот, а не оставаат да поминат неказнето, така што во овој случај ние имаме постспување на надлежните органи и предлагсм целокупната јавност да остави тие органи да работат и после да видиме после некое време што ќе произлезд од таа нивна работа, секако почитувајќи ги правата и на тие што сега се во притвор, бидејќи презумпцијата на невиност, бидејќи тоа е базичен принцип на секоја правна држава“, рече Пендаровски.
За потсетување, во време кога јавноста очекуваше одговори од институциите за случајот Рекет, а владата замина на одмор, како и дел од обинителите кои ја водат истргата, претседателот Стево Пендаровски јавно повика на реакција на институциите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1