ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 12:41 PM

Пендаровски: Немам ништо против вмешување на странски експерти

На одбележувањето на Денот на рударите во рудникот Саса, претседателот Стево Пендаровски беше прашан за идејата на Алијанса на Албанците за специјален јавен обвинител странец.

„Ако се сеќавате во 2006 година имаше една таква идеја за државен јавен обвинител странец. Толкувањето на правниците во тоа време беше дека тоа не е можно. Во принцип никогаш не сум имал проблем со вмешувањето на странците ако се компетенти и стручни во која било област. Конечно гледаме дека има само позитивно влијание од вмешувањето на странските политичари, ЕУ, НАТО, пријателски држави. Не знам дали е тоа можно, принципиелно говорејќи би сакал да видам вклученост на стрнаски стручни лица во поддршка на нашиот правосуден систе“, изјави Пендаровски.

Прашан за коментар за реакцијата на институциите во случајот Рекет, Пендаровски рече дека добро е што политиката не се меша и што институциите си ја работат работата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1