ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 11:23 AM

Петмина осомничени за предизвикување на пожарот кај Велес: За две лица се бара притвор

Тешки дела против општата сигурност и предизвикување на општа опасност се две кривични дела од Кривичниот законик што им се ставаат на товар на петмината осомничени за предизвикување на пожарот од пред два дена во кој изгореа 400 хектари површина на велешко „Езеро Младост”.

Основното јавно обвинителство Велес ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес достави Предлог за определување мерка притвор за одговорното лице на градежната фирма и за работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент и го предизвикал пожарот. За останатите двајца градежни работници кои исто така работеле на плацот и се осомничени се предложени мерки на претпазливост. Ова е епилогот од спроведената страга и донесената Наредба за спроведување истражна постапка на Основното јавно обвинителство Велес против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице.

По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените.

Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина, пишува во соопштението на ОЈО Велес.

 

Убавка Јаневска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1