ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 11:04 AM

Без струја утре делови од Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Петровец и Карпош

 Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Петровец и Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување од „ЕВН Македонија” АД прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во електро-системот.

Во периодот од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од околината кај ресторан „Оаза” во Општина Шуто Оризари, а од 9 до 15 часот корисниците од населбата Волково – улиците „60″, „95″, „100″, „101″ и „103″ во Општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 10 до 15 часот ќе бидат корисниците на улицата „Речиште” во населбата Драчево на излезот кон Студеничани во Општина Косела Вода, а во периодот од 08:15 до 13:30 часот, корисниците од населбата Чојлија кај наплатната рампа Петровец во Општина Петровец.

Во периодот од 08:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од околината кај бензиската пумпа „Топ – трејд” во Општина Карпош.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1