ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/28/19 9:45 AM

Болки во ногата го спречија подвигот на малиот херој Марко од Охрид

Тринаесетгодишниот, Марко Пејчиновски не успеа во обидот да исплива 64 километри во знак на поддршка на лицата со ретки болести.  По 4 часа и 49 минути и минати 11 километри тој поради болки во ногата беше принуден да се откаже од намерата да го преплива целото Охридско Езеро.

Желбата и волјата се крилја за големи дела.Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгодишник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести – објавено е на неговиoт фејсбук профил.

Во меѓувреме, денеска напладне на пристаништето во Охрид ќе биде поставен пулт каде што ќе се продаваат маички, а парите од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Два часа подоцна, таму ќе пристигне и Марко за да се вклучи во хуманитарната акција и да ги поздрави присутните.

Минатата година Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да направи таков подвиг. Неговиот подвиг е дотолку поголем што Марко има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1